СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

В понеделник протест на студентите и на вработените во Фондот за здравство

На 1 февруари нашите трансакциски сметки се празни. Министерството за образование и наука сè уште не ни ги исплати стипендиите за месец октомври. Во понеделник во 16 часот пред МОН на протест, повикуваат студенстските организации.

„Исто така веќе две години ги пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со субстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе почне реконструкцијата во најбрз можен рок. Поради таа причина и слични други, како што е доцнењето на финансиската помош за превоз ние, студентите најавуваме масовен протест. Ги повикуваме сите наши колеги, другари да ни се придружат масовно на овој протест упатувајќи порака до МОН дека повеќе вака не може. Ако не се избориме сами за своите права, тогаш кој? Ако не сега, кога“, се вели во повикот на Студентски отпор.

За в понеделник протест најавија и вработените во Фондот за здарвство поради обидот на Министерството за финансии да им ги намали платите.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content