СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Стручен семинар за џудо тренери и џудо судии

На 10.04.2022 во Прилеп, во организација на Џудо ФЕДЕРАЦИЈАТА на Македонија и техничка организација на ЏК Сеишин Прилеп се одржа стручен семинар за џудо тренери и џудо судии.

Главна тема беше разработување на Измените на правилата кои ќе важат во олимпискиот циклус 2022 – 2024 година.

Предавачи на семинарот беа: Томе Јосифоски, IJF континентален судија актуелен претседател на судиската комисија при ЏФСМ и М-р Дејан Мицкоски, лиценциран тренер и член на стручниот совет при ЏФСМ. Во улогата на предавачи ги споделија со своите колеги тренери и судии сите промени кои беа претставени на семинарот за судии и тренери одржан во Лисабон, Португалија.

На семинарот беа присутни околу 40- тина национални тренери и судии од џудо клубовите од РСМ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content