Диета со зелен чај

49

Ако сакате брзо и лесно да го стопите вишокот килограми, тогаш треба да ја пробате оваа диета со зелен чај со млеко. Оваа диета дава посакувани резултати, а се препорачува на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот вода во организмот. Истата се практикува само еден ден и најмногу два пати во еден месец. Со неа, може да изгубите помеѓу половина и два килограми. Ако имате проблем со здравјето, најдобро е да се консултирате со доктор, дали можете да ја практикувате.

За подготовка на чајот се потребни 1.5l млеко со мала масленост и 2 лажички зелен чај. Млекото се вари, а откако малку се излади, се додаваат листовите зелен чај. Поклопете го садот и оставете го да отстои 20-тина минути. Потоа процедете го и на секои два часа пијте по една шолја. Во текот на тој ден можете да пиете само обична вода.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content