ДЗР: 22.000 рецепти по два пати наплаќани од ФЗОМ

15

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски во вечерашната Топ тема на Телма рече дека Државниот завод за ревизија открил многу случаи кога едни услуги и рецепти биле по два пати наплаќани од Фондот за здравствено осигурување.

Голем број евидентирани рецепти се двапати фактурирани, висок е процентот и на двапати платени услуги итн., рече Ацевски.

Државниот завод за ревизија утврдил 22.000 два пати платени рецепти, за кои биле платени 2.624.853 денари.

Тој посочи дека државата треба да се грижи тие контроли да бидат претежно наменети кон приватните здравствени установи, кога веќе имаме одлевање на државни пари од Фондот кон приватните установи.

Ние континуирано укажувавме дека има повеќе причини кои претставуваат ризици во работењето на самото ФЗО, посебно во делот на заштита на податоците и нивната безбедност, тврди главниот државен резвизор Максим Ацевски. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Ацевски уште еднаш порача дека треба да се научиме да управуваме со ризиците.

Вели дека Државниот завод за ревизија со години предупредува на недоволно високото ниво на заштита на податоците на фондот.

Во актот за систематизација и организација систематизирани се 34 вработени кои имаат или треба да имаат познавања од ИТ-безбедноста, или ИТ-инженери, на неопределено се вработени три лица и три лица под договор на дело. Меѓутоа, во последните 10 години нема осовременување на ИТ-системите секако дека се доаѓа до една констатација во која се случи тоа што се случи, вели Ацевски.

Од нивните извештаи може да се види дека Фондот плаќа завидни суми за одржување на нивниот систем.

Во 2021 година ФЗОМ платил 17 милиони денари за одржување на самиот ит систем, а во текот на 2018 година набавен е одреден софстверски пакет којшто до денот на ревизијата воопшто не е имплементиран. Сосотјбите во ФЗОМ се далеку од потребното ниво, рече Ацевски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content