СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Онлајн дебата „Инклузивно известување за различностите во медиумите во време на Ковид-19.”

Советот за етика во медиумите во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира онлајн настан на тема „Инклузивно известување за различностите во медиумите во време на Ковид-19.”

Целта е да се разгледа улогата и потребата од инклузивно известување за различностите, која особено стана очигледна за време на пандемијата. Очекувањата се поттикнување на медиумите активно да се вклучат во афирмација на инклузивното известување за различностите во земјата и нивно застапување.

Настанот ќе го отворат Илона Казарјан, раководителка на Отсекот за комуникациии односи со медиумите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Катерина Синадиновска, претседателка на Совет за етика во медиумите. Обраќања ќе имаат и експертот за родова еднаквост, малцинства и недискриминација Неда Чаловска, извршната директорка на Советот за етика во медиумите Марина Тунева и Даниел Димитриески координатор за програми и прием на жалби на Совет за етика во медиумите.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content