Детскиот ликовен конкурс „Зимска приказна” отворен до 30 декември

49

На конкурсот, кој е отворен до 30 декември, можат да учествуваат сите млади на возраст до 18 години.

Цртежите на наведената тема учесниците ќе можат да ги споделат на својот Фејсбук профил, кој треба да биде отворен и да го означат (тагнат) Фејсбук профилот на Руската амбасада или да ги испратат на е-mail на Амбасадата: [email protected] или на Фејсбук профилот на Амбасадата. Неопходно е да се наведат име и презиме, возраст, град на живеење и контактни податоци на авторот (телефонски број и e-mail).

 

Најдобрите цртежи ќе бидат објавени на официјалните страници на Амбасадата и Россотрудничество. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 13 јануари.
На победниците ќе им бидат доделени награди и подароци.

Сите заинтересирани повеќе информации можта да најдат на следниот линк:  https://www.facebook.com/RussianEmbMKD/photos/a.493061054228845/1473743546160586/

Руската амбасада информира дека на претходниот конкурс по повод Денот на Русија – „Русија преку очите на децата” учествуваче повеќе од 50 деца.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content