СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Собранието треба да ја почне расправата за избор на нови заменици – министри

Собранието денеска ќе ја продолжи 104. седница најверојатно со гласање за разрешување на замениците министри откако синоќа заврши расправата по оваа точка од дневниот ред.

Потоа пленарната седница треба да продолжи со изборот на новите заменици министри.

Премиерот Ковачевски за заменици министри ги предложи Тирон Јајага во Министерството за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ во Министерството за правда, Вјолца Бериша во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева во Министерството за здравство и Агим Нухиу во Министерството за образование, наука и спорт.

Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели. Новите министри во Владата на Ковачевски од АА и СДСМ беа избрани пред полноќ во понеделникот.

Во вечерашното продолжение на 104. седница зборуваа само пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, според кои Владата во недостиг на резултати се обидува да се сокрие под превезот на евроинтеграцијата. Тие му порачаа на премиерот Димитар Ковачевски дека по владеењето на СДСМ ќе има системска, финансиска и општествена одговорност.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content