Деркоски ДОБИ СЛОБОДА ЗА НАБАВКА НА СОФТВЕРОТ за изборни резултати

36

Оливер Деркоски, и тројцата членови на комисијата за јавни набавки, кои го набавија софтверот за изборни резултати, добија ослободителна пресуда.

Според него судијата Илија Трпков нема ништо погрешно во купувањето на софтверот преку тендерот.

Според судот, нема умислено и штетно постапување на обвинетите и доказите не покажале дека имало умисла. Судијата Трпков оценил дека имало домаќинско работење кај обвинетите бидејќи е избрана поевтина понуда.

За овие дејства, обвинетите се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомнение дека ги сториле кривичните дела“, рече Трпков.

„Од изведените докази не се докажа постоење умисла за штетно постапување на обвинетите, кое им се става на товар. Била извршена евалуација на понудите и бил избран најповолниот економски оператор. Според судот, неосновани се наводите дека е сторена повреда на постапката за јавни набавки и дека договорниот орган постапил спротивно на Законот за јавните набавки во ситуација кога понудата на избраниот најповолен понудувач била прифатлива и избрана за најповолна, иако, според јавниот обвинител, е неприфатлива. Членовите на комисијата за јавни набавки постапиле во согласност со насоките од Државната комисија по жалбите од јавните набавки“, рече Трпков.

Според обвинението, со неизвршување на своите службени должности при купувањето на софтверот по пат на тендер не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор „Дуна“ ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и ѝ доделиле максимален број бодови. Потоа, претседателот Оливер Деркоски, како претседател на ДИК, без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач. Се наведуваше дека постапката била поништена па повторена, со умисла друга фирма да го добие тендерот. Според обвинението, буџетот бил оштетен за 21 илјада евра.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content