СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Исплатени 204 милиони денари субвенции за земјоделство

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека се исплатени средства на сите кои аплицирале и исполниле услови за добивање на финансиска поддршка, за органско производство, за зголемен број на грла во основните стада, за задржано женско јаре и јагне, а исплатена е и дополнителната поддршка од 20 отсто за регистрирани земјоделци.

На вкупно 778 лица кои произведуваат органски производи исплатени им се 113 милиони денари. На сметките на 1.793 субјекти кои аплицираат како индивидуални земјоделци, исплатени им се 52 милиони денари. На 7.674 фармери кои ги зголемиле стадата исплатени им се близу 39 милиони денари. Над 1,4 милиони денари се исплатени за сите кои задржале женско јагне, 156 илјади денари се исплатени за сите кои имаат задржано женско јаре, а такви се 32 фармери, изјави Бачовски.

Нагласи дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во наредниот период ќе продолжи со неселективната исплата на средства за субвенции и потенцира дека во еден ден, без селекција се исплаќаат средствата за земјоделски субвенции.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content