„Денови на Крали Марко” во Прилеп

146

Денови на Крали Марко е манифестација во организација на Општина Прилеп, со која преку разни активности се одбележува годишнината од загинувањето на легендарниот крал и се промовира Прилеп како град каде што живеел истиот.
Програмата по повод одбележувањето на смртта на овој средновековен владетел, познат по бројни јунаштва и подвизи, кој го следат стотици македонски и балкански приказни, песни, преданија, митови и легенди е следна:

Четврток 18.05.2023г

– Во амбиентот на црквата Св.Никола ќе настапи Православниот црковен хор Св. Петка, заедно со Вокалниот ансамбл Пелагонитиса. Истите ќе се претстават со програма од Паскалниот период, а во текот на изведбата публиката ќе има можност да слушне интересни информации за осумвековното постоење и историјата на оваа црква.
Почеток: 19.00ч

Петок 19.05.2023г

Концерт на Драган и Ратко Даутовски во амфитеатарот кај Слонот. По пауза од една деценија, прилепската публика ќе може да го проследи настапот на репрезентот на македонската музика и култура Драган Даутовски, кој ќе настапи во подножјето на Марковите кули во придружба на Ратко Даутовски на удиралки. Драган Даутовски е исклучителен музичар и професор, посветен на истражување на македонскиот музички фолклор и фолклорно богатство. Одржал голем број концерти и настапи на музички фестивали низ целиот свет, на кои што го промовирал македонскиот автентичен, традиционален етно звук.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content