СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Денес регистрирани 1192 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3211 тестирања, а регистрирани се 1192 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-571, Куманово-63, Дебар-15, Штип-50, Прилеп-51, Тетово-87, Струга-10, Велес-42, Битола-43, Охрид-49, Кавадарци-15, Гостивар-40, Гевгелија-6, Струмица-36, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-6, Кочани-27, Пробиштип-14, Демир Хисар-5, Берово-1, Виница-7, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-7, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од: Скопје-206, Куманово-15, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-11, Велес-3, Битола-9, Кавадарци-11, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-27, Пробиштип-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.

 

Починати се 22 лица, осум пациенти од Скопје (78, 78, 61, 60, 81, 70, 84 и 51), двајца од Штип на 80-годишна возраст, еден од Прилеп (65), двајца од Тетово (41 и 66), двајца од Велес (75 и 57), двајца пациенти од Битола (71 и 66) и двајца од Охрид (54 и 73), еден пациент од Гостивар (72), еден од Крушево (81) и еден пациент од Пехчево (53). Од нив, еден е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 35097, бројката на оздравени пациенти е 22024 , на починати е 1071, а бројот на активни случаи изнесува 12002. Денеска се регистрираат три контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 15313, активни 5668
• Куманово 2454, активни 521
• Дебар 362, активни 68
• Штип 1796, активни 346
• Прилеп 1571, активни 648
• Тетово 2460, активни 726
• Струга 858, активни 125
• Велес 966, активни 542
• Битола 814, активни 353
• Охрид 822, активни 325
• Кавадарци 585, активни 251
• Гостивар 1316, активни 285
• Гевгелија 425, активни 189 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 70 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1074, активни 586
• Крива Паланка 259, активни 107
• Радовиш 258, активни 89
• Крушево 41, активни 18
• Кочани 784, активни 229
• Пробиштип 228, активни 81
• Демир Хисар 92, активни 25
• Македонски Брод 105, активни 8
• Пехчево 60, активни 6
• Берово 222, активни 53
• Валандово 111, активни 36
• Виница 201, активни 84
• Делчево 275, активни 120 (68 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 71, активни 41
• Свети Николе 510, активни 99
• Кичево 619, активни 201
• Ресен 267, активни 80
• Неготино 178, активни 92 (19 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3211 теста се преку: ИЈЗ-977, ЦЈЗ Скопје-180, Авицена-497, Биотек-260, МАНУ -297, Жан Митрев (Филип Втори) -275, Систина со PCR метода -230, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-104, Инфективна клиника-12, ГАК-0, Синлаб-153, Ремедика-41, лабораторија болница Козле-0, ЗД Скопје (рапид тест) – 107, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 259.115 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 160 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 22 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 30 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 70, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 421 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content