СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Штрајк ќе го затвори за сообраќај патниот правец Прилеп-Градско

На патниот правец Прилеп – Градско, на излезот на Прилеп кон Скопје, денеска во периодот од 11,00 до 13,00 часот, ќе има прекин на сообраќај. Како што информираат од АМСМ, прекиот на сообраќајот е поради најава за организиран собир (штрајк).

„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информираат од АМСМ.

Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content