Денеска се слави Успение на Пресвета Богородица

21

Скопјани традиционално на овој ден го посетуваат манастирот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Матка, и оваа година согласно мерките за заштита од коронавирусот.

Овој празник ја одбележува смртта на Богородица и православна црква и верниците го слават на 28 август, кога завршува летниот пост од 14 дена.

Според легендата, Богородица живеела 60 години, а според други извори 72, го надживеала својот син и како сведок на многу слави, ја продолжила својата мисија.

Денеска жените одат на причест, затоа што овој ден се смета како празник за сите жени и мајки.

По повод празникот, честитки до православните верници испрати целиот државно-политички врв.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content