СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Фотографии од одбележувањето на 20 години од Илинденското востание во Софија: Никаде не се споменува Преображенско, ниту има Бугари

Фотографии од весници во Бугарија  го покажуваат одблежувањето на 20 годишнината од Илинденското востание во Софија. Таа 1923 година во главниот град на Бугарија се собрале илјадници Македонци да им оддадат чест на Илинденците и на водачот Гоце Делчев кој бил убиен неколку месеци пред кревањето на востанието.

Интересно е што тогаш бугарските медиуми никаде не пишуваат дека тоа е востание на Бугарите во Македонија туку на Македонците а уште помалку го нарекуваат Преображенско востание.

Илинден-национален празник на Македонците- е еден од насловите.

Ова е своевиден одговор до претседателот на Бугарија Румен Радев кој на претседателот на Македонија Стево Пендаровски му честита Преображенско востание.

Радев отиде и чекор понатаму па на одбележувањето на празникот во Софија провоцираше дека „влезот на Бугарите во Уставот е завет на Илинденците и оти востанието го објавиле камбаните од бугарските цркви“.

Одогвор за оваа провокација од страна на Радев од страна на Пендаровски, Ковачевски и Османи се разбира дека нема.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content