СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Кочани МОЛИ ЗА ПОМОШ, зафатени се и неколку куќи од пожарите

Пожарот во Кочани веќе зафати делови од градот, а градоначалникот и жителите молат за помош.

Граѓаните се во паника, ги напуштаат своите домови, а дел од нив со себе ги земаат и спасуваат домашните животни.

Градоначалникот Николчо Илиjев за „360 степени“ изјави дека голема опасност за градот има од три страни. Огнот се гасне со пет противпожарни возила со колку и располагаат, а едно возило изгорело. Илиев вели дека помош не добиваат зашто има повеќе пожари во регионот и секоја противпожарна единица гасне на својата територија.

 

 

 

„Веќе се зафатени повеќе куќи, во непосредна близина има борова шума која е зафатена, се шири во неопределен правец, на каде ќе дувне ветер. Едно возило од противпожарната единица ни го зафати огнот. Во регионов во секое населено место има пожари, не може никој да ни излезе во пресрет, состојбата е очајна. Разговарав со ЦУК повеќе пати, ги молев да ни дадат еден хеликоптер. Нема и нема. Не знам што ќе ни даде ноќта“, вели Илиjев.

Илијев вели дека единствено командантот на штипската касарна му ветил помош и очекува армијата да се вклучи во ганењето.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content