СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Пад на системот – 200 студенти чекаат дали ќе им се одобри сместување

Катастрофалните политики и немањето ниту малку доблест и грижа за студентите, доведе до создавање на трул систем од кој се повеќе млади се разочаруваат и својот спас го гледаат надвор од границите на Македонија, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„На само ден пред почетокот на академската година, над 200 студенти од цела Македонија, се уште се наоѓаат на фамозната листа на чекање, а притоа немаат добиено никаква информација за тоа дали воопшто се примени во еден од студентските домови или пак во кој студентски дом ќе бидат сместени. Над 200 млади студенти кои решиле да се посветат на градење сопствена иднина во Македонија, се оставени во неизвесност, несигурност и без гарантиран покрив над глава“, изјави Илија Ристески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Смета дека сето ова, е резултат на неспособните партиски кадри на социјалдемократската младина, „кои во моментот се кријат и не даваат никакви одговори во однос на овие прашања, бидејќи за нив студентите и младите се секогаш на последното место во приоритетите“.

Овие пропаднати и некадарни поединци, се уште не даваат никаков одговор околу тоа дали студентите, во 21 век и 2023 година, воопшто ќе имаат обезбеден доручек за кој самите плаќаат при престојот во студентските домови. Студентите од 2017 година па навака, сведочат на едно системско уништување и рушење на соништата на младите, на воспоставените пракси, и со тоа удираат врз она што е најважно за една држава – образованието и иднината.

Од таа 2017 година, која наместо година на надеж како што тие ја претставуваа се претвори во кобна година за Македонија и македонскиот народ, студентските домови кои беа целосно реконструирани во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како и за сите останати капитални проекти во државата, се оставени да скапуваат, а младите се упатени да преживуваат со 140 денари и супстандардни услови карактеристични за животот во минатиот век“, кажа Ристески.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content