Денеска или утре ќе биде познато каков мазут се увезезувал

67

Не криеме ништо, ќе објавиме се на транспарентен начин имајќи предвид дека утре одминува рокот за сите институции да ги достават информациите, истакна вчера Бектеши во одговор на новинарско прашање.

Нагласи дека согласно Правилникот доколку некоја компанија не ги исполнува очекувањата, има основ за одземање на лиценцата за работа. За тоа, како што посочи, надлежна е Регулаторната комисија за енергетика која треба да одлучи дали ќе има прекршочни казни или ќе им бидат одземени лиценците за работа на тие компании.

 

Според моите информации, Државниот пазарен инспекторат доставил информација до Регулаторната комисија и согласно нивните правилници, секако РКЕ ќе одлучи дали ќе има прекршочни казни или ќе им бидат одземени лиценците. Во случај кога одредени компании не ги исполниле очекувањата согласно правилникот, и во делот на залихите и во делот на квалитетот, секако тоа е основ за одземање на лиценца, рече Бектеши.

Додаде дека контроли се вршат не само во увозот на нафтени деривати, туку и во внатрешниот пазар при што веќе се направени контроли кај дел од складиштата на компаниите кои се занимаваат со продажба на мазут.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content