Денеска е Св. преподобна маченичка Петка

38

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух.

Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд.

Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград.

Пострада за Христа во вториот век.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content