СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Денеска е Светскиот ден на планетата Земја

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Ден на планетата Земја, празник на единствениот дом на сите живи суштества. Се одбележува ширум светот на 22 април. Овој ден за првпат е одбележан во САД во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.

„Инвестирај во нашата планета“, со акцент на борбата против климатските промени и ублажувањето на последиците од нив e е темата на годинешното одбележување на Денот на планетата земја.

Европската унија соопшти дека Европа ќе стане првиот климатски- неутрален континент до 2050 година во согласност со Европскиот зелен план.

Од Обединетите Нации пак предупредија дека Земјата се соочува со „тројна планетарна криза“: нарушување на климата, губење на природата и биодиверзитетот и загадување и отпад.

„Оваа тројна криза ја загрозува благосостојбата и опстанокот на милиони луѓе ширум светот. Основите на среќен и здрав живот се чиста вода, свеж воздух и стабилна и предвидлива клима. Сето тоа е нарушено, загрозувајќи ги целите за одржлив развој “, предупреди генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во видео порака на Денот на планетата Земја 2022 година.

Денот на планетата Земја официјално се одбележува од 1992 година, кога за време на Конференцијата на ОН за животна средина и развој во Рио де Жанеиро, на која присуствуваа голем број владини и невладини претставници, беше промовирана долгорочна програма за промовирање на одржлив развој.

За овој роденден на нашата планета која е и наш единствен дом Министерството за животна средина и просторно планирање упатува порака и ги повикува сите: институциите, бизнис заедницата, граѓанските организации и движења, секој поединец – Сите ЗАЕДНО сега!

Ова е моментот да се промени деловната клима, политичката клима и начините на кои преземаме активности и одговорности за климата. Сега е време за непоколеблива храброст во зачувувањето и заштитата на нашето здравје, нашите семејства, нашите средства за живот… заедно, мораме да инвестираме во нашата планета, затоа што зелената иднина е просперитетна иднина.

Треба да дејствуваме (храбро), да иновираме (широко) и да имплементираме (правично). Треба да се вклучиме сите – секој да биде вклучен и секој да биде одговорен. Време е за ПАРТНЕРСТВО ЗА ПЛАНЕТАТА.

И додека уште има време да се реши климатската криза, време да се избере и просперитетна и одржлива иднина и време е да се обнови природата и да се изгради здрава планета за нашите деца и нивните деца. Времето е кратко.

За овој ден, за сите, секој ден, ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО НАШАТА ПЛАНЕТA!, стои во пораката на Министерството за животна средина.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content