СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Џихадистички келии има и во Македонија како дел од т.н „балкански лавови“

На територијата на Балканот во моментов дејствуваат 20 екстремистички „џихад“ ќелии , а целта им се терористички напади низ Европа, предупредуваат италијанските разузнавачки служби, а пренесува весникот „Ил Темпо“.

Повеќето од овие групи се на територијата на Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, но постојат и во Црна Гора, Србија и  Македонија. Тие претставуваат, како што се тврди, „инкубатор на безбедносни закани“ за цела Европа.

Според италијанскиот весник „Ил Темпо“, овие ќелии постојат околу две години, но во последно време, особено од почетокот на војната во Израел, се забележува нивна нешто поголема активност, пренесува „Блиц“.

Овие ќелии се состојат од околу 500 повратници од ИСИС, од боиштата во Сирија и Ирак, но постојано се регрутираат нови, дури и меѓу мигрантите кои ја минуваат балканската рута кон Западна Европа.

Познато е и кој  „главата“ на оваа организација.

Меѓу нив се издвојуваат таканаречените „балкански лавови“, мрежа чија задача е да ги зајакне „периферните зглобови“ на движењето и да иницира нови терористички акции во Европа-пишува „Ил Темпо“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content