Дегустации на македонски производи в недела на Меѓународен фестивал на сирењето во Италија

27

„Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи.., организиран од мрежата на Слоу Фуд, ќе се случува овој викенд во Бра (Италија) од 15-ти до 18-ти септември годинава.

Во организација на Slow Food International и Citta di Bra, со поддршка на Regione Piemonte, овогодишната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе ги собере сите мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат, но настанот е отворен и за сите љубители на сирење: се најавуваат конференции, дегустации и работилници.
Ова е „Cheese“ надвор од границите.

На овој вкусен, популарен и омилен меѓународен пазар ќе бидат присутни изложувачи од 14 земји, вклучени се реномираните: Џаспер Хил Фарм од САД, Нилс Јард од Британија, производители и селектори од Швајцарија, Шведска и други европски земји – Белгија, Португалија… Меѓународната мрежа на Слоу Фуд ќе ја претставуваат и бројните делегации од Норвешка и нордиските земји, потоа земјите од Балканот, Украина, Турција…

Италија земјата домаќин, со производители од сите нејзини региони, има почесно место на овој голем настан посветен на сирењето.
Долгогодишните излагачи, како што е „Quesería Cultivo“ од Шпанија ќе бидат дел од делегација која вклучува претставници од Слоу Фуд заедницата „Via de la Plata para el amparo de productos y emprendedores de las provincias de Salamanca y Zamora“.
Президиуми на Слоу Фуд, т.е. групи производители посветени на зачувување и пренесување на традиционалните техники на производство и занаети, ќе ги понудат своите сирења и ќе ги раскажат своите приказни, а како пример ги спомнуваме „Raw Milk Stichelton“ и „Artisanal Somerset Cheddar“ од Обединетото Кралство, ирските сирења од сурово млеко, зреаната занаетчиска гауда од Холандија, швајцарскиот традиционален ементалер, „Bleu de Queyras“ од Франција и австриските одгледувачи на плезанска овца.
Овие два нови президиуми ќе бидат протагонисти на конференцијата „Добредојдовте во нови президиуми“, на 16 септември.
Истата дата е резервирана за Хуан Камило Кинтеро, извршниот готвач на одморалиштето „Relais & Châteaux Borgo San Felice“ кој ќе го претстави кулинарско патување од тосканското крајбрежје до ридовите на Кјанти.

Република Македонија, чие присуство е овозможено со подршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, во недела (17 септември) ќе ги пречека посетителите со интересна програма на дегустации и активности.
Недела е полна со настани: готвачите на италијанската и меѓународната Алијанса на готвачи на Слоу фуд, подготвуваат вечера што го истражува целиот спектар на производи на база на трева во прекрасно миризливата „Dîner sur l’herbe“.
За време на работилницата за вкус „Гледајќи надвор од границите“, традиционалните дегустации на Слоу Фуд, протагонисти ќе бидат: „Пасиштето Сбринц“ (Слоу Фуд президиум) од Швајцарија и „Afuega l’Pitu“ направено од сурово млеко (Арка на вкусови) од Шпанија.

На 18 септември (15 часот) Зејнеп Ханде Килиќ, готвач на Слоу Фуд Алијансата од Анталија и сопственик на ресторанот Капра во Каш ќе учествува на работилницата за вкус „Откривање на традициите на турското сирење: алва“. Таа ја носи љубовта кон автентичните вкусови, водејќи ја јавноста да открие една од најпрекрасните и најрепрезентативните подготовки од регионот Чанаккале: печена алва со сирење, традиционален десерт богат со историја и вкус.

Што се однесува за вечерите, меѓу најпопуларните состаноци на сите настани на Слоу Фуд, Шпанија ја отвора програмата со „Шпански шуми“, со готвачот Марк Рибас кој го претставува својот проект „Ramats de Foc“, кој има за цел да ја заштити локалната флора изложена на ризик од шумски пожари поради климатските промени.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content