Две позитивни негувателки од Прилеп ставија 30 деца во изолација

6

Две негувателки од прилепските детски градинки се позитивни на ковид-19, по што вкупно 30 деца се ставени во 15-дневна изолација. Дваесет и едно дете е на возраст од две до три години, додека девет се на возраст од три до шест години.

Орце Тодороски, директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“ вели дека во шестте градинки се почитуваат сите препорачани здравствени протоколи и во моментов нема место за паника.

Во градинките се згрижени 630 деца во 50 групи. Сериозен проблем е недостигот од места за уште 373 деца, при што некои родители се на долгата листа на чекање, вели Тодороски.

Хроничниот недостиг од доволно места во градинките, кој е присутен со години се очекува да се реши со изградбата на нова детска градинка, која е во тек. Новата детска градинка ќе биде со капацитет за околу 250 предшколски деца. Нејзината вредност е 110 милиони денари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content