Локално
Двајца прилепчани осомничени за кражба на огревни дрва
олициски службеници привеле двајца прилепчани, кои управувале со две запрежни возила натоварени со огревни дрва, за што не поседувале документи.

Вчера во 14 часот на патот за село Оревоец, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп пронашле огревни дрва без документи натоварени на две запрежни возила, кои ги управувале С.Ш. (27) и Е.А. (33) од Прилеп. Лицата биле приведени во полициска станица, а дрвата и возилата биле предадени на Шумска полиција Прилеп за понатамошна постапка, посочуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.