Локално
Дванаесет прилепчани завршија со труење во болница откако јаделе скара од месарница
Вкупно 12 лица побарале медицинска помош на инфективното одделение во Општата Болница Прилеп со симптоми кои асоцираат на алиментарна токсоинфекција.

За сите пациенти заедничко биле што за празниците конзумирале месо што го купиле од една иста месарница. Инспекторите го затвориле објектот.
Повеќе детали се најавени за утрешниот ден.