СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Успешно извршена и четвртата транплантација на срце

„Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука“, напишта пред малку на Фејсбук, министерот за здравство Венко Филипче.

„Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот“, додаде тој, објаснувајќи дека во изминативе 24 часа околу 100-тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот систем.
Филипче најави повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот.

Претходно беше соопштено дека медицински тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија пред полноќ почнаа експлантација на бубрези и срце од 44-годишна пациентка која вчера попладне е дијагностицирана со мозочна смрт.

Според најавата од министерот Венко Филипче, тројца пациенти се подготвувале ноќеска за трансплантација на органите – срцето и бубрезите од донорот. Тоа е четврта трансплантација на срце во земјава од минатиот мај.

– Тројца пациенти се подготвуваат да ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следува експлантацијата на коскени ткива. Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Претходно, неколку часа екипите за трансплантација од повеќе клиники работеа на подготовка на донорот и реципиентите. Целата постапка ја водат болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство. хс/

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content