Дали трудниците смеат да јадат мед?

39

– За среќа, ова слатко задоволство, во повеќето случаи, е сосем безбедно за Вас и Вашето неродено дете, објаснува гинекологот Брајан Левин.

Од древноста, медот се ужива како храна, но и како домашен лек за одредени болести. Причината поради којашто некои луѓе го доведуваат во прашање медот е тоа што тој понекогаш ја содржи бактеријата „Clostridium botulinum“. Таа бактерија се размножува во цревата и може да произведе невротоксини што доведуваат до ботулизам – ретка, но сериозна болест што предизвикува слабост и парализа на рацете, нозете, стомакот и дишните органи.

– Сепак, овој ризик не е опасност за повеќето деца и возрасни. Децата постари од една година и здравите возрасни – вклучително и бремените жени, можат безбедно да консумираат мед, бидејќи нивниот имунолошки систем ги штити од сите бактерии што може да ги содржи медот, појасни д-р Сенди Проктер, стручњак за исхрана и професорка на Државниот универзитет во Канзас (САД).

Сепак, со оглед на тоа дека секоја жена и секоја бременост е различна, се препорачува и одделна консултација со лекар во врска со јадењето мед.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content