Дали некој намерно направи диверзија за да не свети крстот на Маркови Кули за Велигден

37

Вечерва ненадејно престана да свети крстот на Марковите Кули во Прилеп. Граѓаните бурно реагираат на социјалните мрежи и се сомневаат дека некој намерно го прекина напојувањето со електрична енергија на осветлувањето од крстот.

Од општина Прилеп пред малку излегоја со соопштение:

-Почитувани сограѓани, сакаме да ве информираме дека надлежните екипи на Општина Прилеп се на терен и се работи на отстранување на дефектот со осветлувањето на крстот на Маркови кули. Сеуште не се знае дали причината е технички проблем или можеби човечки фактор.

Било која намерна вмешаност во овој случај е за огромна осуда!

Локалната самоуправа ќе продолжи да работи на решавање на овој проблем и во текот на претстојните празнични денови – напишаа од општина Прилеп на Фејсбук.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content