СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Пратениците денеска на продолженијата на пет пленарни седници

Во Собранието денеска се закажани продолженија на пет пленарни седници. За дел од законите и предлозите на овие седници е завршена расправата и треба само да се гласа.

Останати на дневен на 140-та пленарна седница, меѓу другите, се измени на Законот за судска служба, на Законот за јавнообвинителска служба, двата по скратена постапка, предлог на закон за борба со допингот во спортот и негово спречување, по скратена постапка и измени и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка. Пратениците треба да се изјаснат и за предлог на закон за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, предлог на закон за реализација на Стратешкиот инвестициски проект „Соларен парк Стипион“ и Договор за стратешки инвестициски проект „Соларен парк Стипион“, предлог на закон за реализација на стратешкиот инвестициски проект Аим грин тек, предлог на закон за реализација на стратешкиот инвестициски проект Митилинеос когенеративна постројка Скопје и предлог на закон за реализација на стратешкиот инвестициски проект соларна електрична централа – Пехчево, сите по скратена постапка.

На 138-та седница, меѓу другите, на дневен ред се предлог на закон за стручно усовршување и обука на административните службеници, предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, предлог на закон за административни службеници, предлог на закон за вработените во јавниот сектор, сите по скратена постапка, предлог на закон за изменување и дополнување на законот за електронско управување и електронски услуги, предлог на закон за рибарство и аквакултура, по скратена постапка и предлог на закон за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

На дневен ред на 129-та седница е предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

Пратениците на 131-та седница треба да се изјаснат, меѓу другите, за измените и дополнувањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, по скратена постапка, за предлог на закон за ратификација на Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи, за измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, за измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, за измените на Законот за заштита на децата, за измените на Законот за социјалната заштита и за изменување на Законот за издавање на обврзници на за денационализација, сите по скратена постапка.

На дневен ред на 143-та пленарна седница се повеќе закони меѓу кои предлог на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, по скратена постапка, измени и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, во прво читање,
измени и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка, Дополнување на законот за заштита на децата, по скратена постапка и измени и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content