СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Врачена државната награда „11 Октомври“

По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, беше врачена истоимената државна награда.

Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката, наградата постхумно му ја додели на проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар. Во областа на културата и уметноста, наградата и беше доделена на поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и на ликовниот уметник Мицко Јанкуловски.

Претседателот на Одборот за државната награда „11 Октомври“, Џевдет Хајредини истакна дека на конкурсот се пријавиле вкупно 23 творци од сите области на живеењето. Упати апел до сегашната и идните влади, премиерите и министрите за финансии да не штедат од буџетските средства наменети финансирање на науката, културата и уметноста.

Ликовниот уметник Мицко Јанкуловски, заблагодарувајќи се во име на сите добитници, истакна дека денес живееме во време на реалност која сме ја наследуваме од нашите предци, а која потоа треба да ја пренесеме на нашите деца и да им оставиме општествено-културно наследство.

Наградата „11 Октомври“ се доделува за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес. Државната награда првпат е доделена во 1995 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content