Гранд при турнирот во забрзан шах „Пелагонија 2023” (ФОТО)

67

По голема борба и неизвесност до последните моменти, победи Горан Готовуша од ШК “Пелагон” Прилеп, пред Марјан Христовски од ШК “Штајниц” oд Битола и Тони Кироски од ШК “Прилеп”, кои го поделија второто место.

На делба на четвртото место се пласираа прилепчаните Дејан Ѓорѓиески и Кире Николоски. Покрај петте најдобро пласирани, награди освоија и Константин Лушески од ШК “Ласкер” oд Охрид за најдобар млад играч, Исмаил Ахмеди, за најдобар играч над 50 години, како и Јустина Дутка, за најдобро пласиран женски натпреварувач.

-Со ова почнува серијата на турнири кои ќе се организираат во Пелагонискиот регион, кој е моментално најактивен шаховски центар во Македонија. Наскоро објава на нов шаховски настан – напиша на Фејсбук Претседателот на Шаховскиот клуб “Прилеп”, Тони Кироски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content