СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Сто засадени дрвја по повод 100-годишнината од Прилепска Пиварница

Денеска во Прилеп, кај манастирот „Св. Димитрија“ во близина на с. Селце, вработените од Прилепска Пиварница засадија 100 садници дабови дрвја како, донација по повод 100-годишнината од нејзиното постоење.

Во сабота, на 30 март, во Прилеп, кај манастирот „Св. Димитрија“ во близина на с. Селце, вработените од Прилепска Пиварница АД Прилеп засадија 100 садници дабови дрвја како донација по повод 100-годишнината од нејзиното постоење.

„Преку денешната акција што ја спроведоа нашите вработени, ја покажавме нашата грижа за намалување на еколошката загаденост и дадовме позитивен пример како секој граѓанин треба да придонесе за одржување поздрава планета. Токму 100-годишнината е достигнување што вреди да се одбележи со една ваква значајна хумана акција и да остане како сведоштво на нашето одговорно работење.

Оваа акција е продолжување на нашата постојана одговорност кон заедницата и нашата зелена агенда за заштита на животната средина, која е еден од главните приоритети на компанијата. Преку еколошка свест за заштита на почвата, воздухот и на водите и со континуирани активности во процесите на производство и инвестициите што ги правиме за намалување на емисијата на штетни гасови, отпадни води и намалување на грамажата на PET-шишињата што ги користиме“ – изјави генералниот директор на Прилепска Пиварница, г. Сашко Самарџиоски.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, кој ја поздрави иницијативата на Прилепска Пиварница и апелираше на зачувување на животната средина.

Веќе еден век Прилепска Пиварница ја преточува страста и посветеноста во производство на исклучителни пијалаци, а секоја голтка сведочи за нашата бескомпромисна определба за врвен квалитет и извонредност.

Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content