СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Земјоделците дадоа поддршка за процесот за консолидација на земјоделското земјиште

Успешно заврши првото Собрание на учесници во село Чифлик, кое се одржа вчера вечер, а каде мнозинството земјоделци дадоа силна поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште .

Успешно заврши првото Собрание на учесници во село Чифлик, кое се одржа вчера вечер, а каде мнозинството земјоделци дадоа силна поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште и планирање на новата земјоделска инфраструктура.

Консолидацијата во Чифлик е дел од проектот “Унапредување на консолидацијата на земјиште во Македонија” со вкупен буџет од 1.2 милиони евра, финансиски поддржан до Европската Унија и ко-финансиран и спроведен од страна на ФАО, а под раководоство на МЗШВ, кој опфаќа консолидација на повеќе 1.200 земјоделски парцели.

Бенефитите за земјоделците од успешно завршен процес на консолидација се многукратни, па така земјоделците добиваат окрупнување на земјиштето, изградба на нови и обнова на постојните пристапни патишта до нивите, како и рехабилитација на каналите за одводнување и наводнување.

Македонија е земја лидер во регионот по спроведување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште. Претходниот проект за консолидација Маинланд заврши со 99% реализација и консолидирани земјишни парцели во 9 подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево.

Заедно со нашите партнери во реалиација на процеснот на консолидација, ЕУ и ФАО, ја подготвивме и новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година. Новата стратегија ја одразува нашата определба да продолжиме да ја намалуваме расцепканоста на земјоделското земјиште и малата површина на земјоделските стопанства, соопшти МЗШВ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content