Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се на терен од прв ден

34

Со самото стапување на функцијата градоначалник, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа на терен и почнаа со средување на општините, зголемување на хигиената, чистење на дивите депонии, уредување на шеталиштата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот состанок со градоначалниците упати порака тие да се откажат од привилегиите кои ги носи нивната функција, и да не користат службено возило за приватни цели и надвор од работните обврски, како и да не ги употребуваат картичките за ручеци освен кога имаат делегации или работни средби.

Скромноста мора да биде одлика на секој јавен функционер.

Дополнително претседателот Мицкоски им кажа на градоначалниците дека граѓаните очекуваат проекти и  сработување на ветеното, во таа насока уште во првиот месец ќе отпочнат со 3 капитални проекти во секоја општина.

Граѓаните очекуваат резултати. Промените мора да се случуваат бргу. Создаваме нова иднина.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content