Градоначалникот Јовчески одржа координативен состанок со работните тела засегнати во потрагата по малиот Петар

22

На состанокот присуствуваа претставници од ОВР Прилеп, ПС за граничен надзор, АРМ, ТППЕ Прилеп, ЦУК, Центарот за социјална работа Прилеп како и од спасувачката служба „Златоврв“. Од моментот на пријавувањето за исчезнувањето на малиот Петар, односно во петокот во 20:00 часот, активирани се гореспоменатите институции со поддршка на Единицата за брзо распоредување, хеликоптерска поддршка, ловџии и кучиња трагачи.

Оваа потрага во која активно учествуваат повеќе од 100 луѓе дополнително ја отежнаа снежните врнежи (околу 60 сантиментри) на местото на кое детето е изгубено. Уште еднаш апелираме до сите граѓани на општина Прилеп кои можат било како да помогнат, да се вклучат во потрагата со цел успешно да се заврши. Во овој момент секоја информација е добредојдена, затоа доколку ја имате ве замолуваме обратете се до надлежните служби.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content