СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Новогодишен јубилеен концерт на музичкото училиште од Прилеп „Ордан Михајлоски – Оцка“

Новогодишен јубилеен концерт, по повод 80 години патрон празник на музичкото училиште од Прилеп „Ордан Михајлоски – Оцка“ и од создавањето на песната „А бре македонче..“ ќе се одржи вевечерва, четврток, 22-ри декември, во големата сала при НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп со почеток во 19.00 часот.

Македонската народна песна „А бре, Македонче“ — има патриотски, борбен карактер, и била химна на партизанското движење во Македонија, која потекнува од периодот на НОБ за време на Втората светска војна. Песната е многу популарна и денес се смета за народна песна, иако е создадена од Крсте Црвенковски, Коле Чашуле и Ордан Михајлоски – Оцка. Таа е напишана во Прилепско, два месеци пред македонската химна „Денес над Македонија“. Песната е создадена во периодот меѓу 23 октомври и 8 ноември 1941 година, кога ја имала својата прва изведба во прилепското село Царевиќ, на првиот народен собир (митинг) во фашистички поробената Македонија. Крсте Црвенковски како политички комесар на одредот имал задача да испрати порака до борците и народот за помасовно учество во борбата, Коле Чашуле со својата писателска дарба дал придонес во составувањето на текстот, а Ордан Михајлоски – Оцка кој бил талентиран и образуван виолинист учествувал во создавањето на музиката за песната.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content