Голем успех на ЏК “СЕИШИН” – Прилеп на државните првенства во Скопје: Дечките се вратија со дури 27 медали (ФОТО)

66

На 30.03.2024 година во Скопје во организација на Џудо федерацијата на Македонија и техничка организација на ЏК “Ипон” – Скопје, се одржаа државните првенства за пионери/ки и сениори/ки. ЏК СЕИШИН – Прилеп настапи со вкупно 30 натпреварувачи, а освоени се 27 медали (10 златни, 6 сребрени и 11 бронзени медали).

Резултати поединечно:

Пионерки:

1. Матеја Николоска 1 место
2. Дила Пупаловиќ 1 место
3. Јана Ангелески 1 место
4. Тамара Илиоска 1 место
5. Теодора Илиоска 2 место
6. Софија Ѓорѓиеска 2 место
7. Мила Здравеска 3 место

Пионери:

1. Немања Џагадуроски 1 место
2. Благојче Мантароски 1 место
3. Дарио Нанески 1 место
4. Марко Ацески 1 место
5. Ратко Ацески 2 место
6. Марко Василески 3 место
7. Марко Марковски 3 место
8. Ване Ацески 3 место
9. Арсениј Димески 3 место
10. Ангел Стојковски 3 место
11. Димитар Илијоски 3 место

Со 8 златни медали односно исто толку шампионски титули ЏК Сеишин е најуспешен клуб во пионерска конкуренција.

Сениори:

1. Никола Магдески 1 место
2. Христијан Стојкоски 1 место
2. Михаил Стојановски 2 место
3. Антонио Талески 2 место
4. Стефан Талески 3 место
5. Митко Костоски 3 место

Сениорки:

1. Теа Настоска 2 место
2. Кристина Мантароска 3 место
3. Александра Најдоска 3 место

Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески, Марио Тошески и Дејан Мицкоски кои се задоволни од освоените резултати, а посебно во пионерска конкуренција што знак дека клубот создава нова генерација шампиони.

Клубот продолжува со подготовки за наредните меѓународни и државни првенства.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content