СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Голема крводарителска акција за празникот, прилепчани доброволно даруваат конвалесцентна плазма

Во чест на 8 Септември, Денот на независноста, во Одделот за трансфузиологија при Општата болница во Прилеп денеска се одржува голема крводарителска акција. Организатори се прилепската локална самоуправа и спасувачката служба „Златоврв“.

Според Дарко Неданоски, претседател на Службата, симболиката е голема. На ваков голем ден, празникот на татковината, да се дарува најдрагоцената течност е посебна чест, а симболиката е голема, бидејќи ние како спасувачка служба сме за да спасиме животи, а ова е уште еден начин за тоа. Одѕивот е голем и повеќето што даруваат се повеќекратни дарувачи на најдрагоцената течност, вели Неданоски.

Според Венко Стомнароски, организациски директор во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во моментов нема недостиг од крв, но секогаш е потребно, особено е храбро во време на пандемија. Ваквите големи крводарителски акции, посебно на ваков голем ден, се чест за државата, за нацијата. Секогаш е хумано дарувањето крв, особено е храбро и непроценливо во ова време на пандемија, рече Стомнароски. Крвта ќе биде потребна наредниот период, бидејќи финкционира „МоjТермин“, има оперативни зафати.

Според трансфузиологот и раководител на одделението во Прилеп, примариус д-р Виолета Јованоска, прилепчани се и меѓу првите за дарување конвалесцентна плазма. Прилепчани меѓу првите се пријавија да даруваат конвалесцентна плазма. Досега има 14 дарувања, а има интерес за други. Тоа е за голема пофалба. од друга страна крв ќе биде уште повеќе потребна со „МојТермин“, со оперативните зафати кога најдрагоцената течност ќе спасува животи и во реална смисла, рече Јованоска.

Од денешната голема крводарителска акција се очекува да се соберат околу 80 единици крв.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content