Голема велигденска хуманитарна акција во Прилеп

23

Во изминативе 2 недели во сите храмови во Прилеп беа поставени кутии за донации каде граѓаните можеа да донираат средства, а исто така можеа да донираат и храна.

Со собраните пари се купија прехрамбени производи и средства за лична хигиена кои денес ќе бидат поделени на 130 социјално загрозени семејства во Прилеп и неколку населени места. Вакви хуманитарни акции во црквата „Свето Благовештение“ се организираат за Божик и Велигден.

 

„За Божик имавме 130 пакети, исто и за Велигден испланиравме 130 пакети, имавме доволно донации, се собраа доволно парични средства, со дел од останатите парични средства планираме да помогнеме, пример еве сега имавме неколку запалени куќи тука во близина на црквата, дел од средствата ги чуваме и за болни, на оние на кои им требаат за операции, за лекување и слично“,  вели Драган Џокоски, раководител на хуманитарната организација „Св.Никодим Прилепски и Тисмански“.

Секоја ваква акција откако ќе се соберат пакетите завршува со молитва пред мироточивата икона на Свети Никодим Прилепски и Тисмански, која стои на средината од црквата, а чие име пак го носи оваа хуманитарна организација.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content