СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Годинава првпат електронско аплицирање за запишување во средните училишта

Првпат годинава е овозможено електронско аплицирање за запишување во средните училишта во земјава.

Пријавувањето на учениците ќе биде преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Целта на новата дигиталната услуга е оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта и дека електронско аплицирање нема да им одземе повеќе од 5 до 10 минути, велат од МОН.

„Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од 10 јуни 2022 година во 10 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15 јуни 2022 година најдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици,“ појаснуваат од Министерството за образование и наука.

Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе може да вршат ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Доколку учениците до 15 јуни 2022 сè уште го немаат добиено своето свидетелство за IX одделение, ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за IX одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од IX-то одделение задолжително ќе го приложат до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16 и 17 јуни.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни 2022 на интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.
Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content