„Глумците Пеат“ на 8 април во МНТ: Шоу каде музиката и театарот се спојуваат во совршена приказна

109

Најновото издание на „Глумците Пеат“ – шоу каде музиката и театарот се спојуваат во совршена приказна, годинава ќе се одржи во МНТ на 8 април во 20:30 часот.

Организаторите најавуваат 30 врвни суперталентирани глумци и биг-бенд со извонредни музичари ќе не поведат на патување што ќе ве потсети дека вистинските приказни никогаш не излегуваат од мода.

Настанот ќе биде во режија: Дејан Пројковски, диригент е Љупчо Мирковски, кореографијата е на Олга Панго, а аранжманите на Бобан Мирковски.

„Музиката и театарот ќе оживеат инспирирани од духот на едно време кога сè беше малку повесело и малку пожешко“ велат организаторите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content