Втор јавен повик за грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво

29

Во Куманово денеска ќе биде презентиран Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво кој го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги, имплементиран од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.

Претставници на Проектот за подобрување на социјалните услуги, пред претставниците на општините и невладините и граѓанските организации од Североисточниот плански регион, ќе ги презентираат роковите и постапката за идно аплицирање за грантовите, а ќе бидат изнесени и бенефитите за развој на социјалните услуги во локалните заедници за да се поттикне интересот за учество на општините од регионот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content