Времиња! Си гледавме на кафе, на карти, врв беше да се игра Солитер на компјутер или Херкулес

10

Се чини дека денешниве деца целото време го поминуваат пред компјутер.

Додека некои колеги сакаат да пишуваат за детството со какви играчки си игравме кога бевме мали и какви сладоледи имавме, јас се сеќавам на едно друго време – кога бевме малку поголеми – се чувствувавме возрасни за да си играме детски игри, а бевме мали за да излегуваме во град и да шетаме.

 

Немавме интернет – како го поминувавме времето?

Што е уште поинтересно, ова кога го зборам можеби на некои од вас ви се чини дека тоа време е премногу далечно и како да било пред сто години, а ако погледнеш, реалноста е дека поминале само 20-тина години оттогаш.

Во тоа време имавме компјутери по дома, ама интернет немавме. Врв беше да се игра Солитер на компјутер или Херкулес. Повеќето имавме нинтендо. Ги игравме „супер-марио“, „Мортал – комбат“, а некои и целиот ден го поминуваа во играчници или како што популарно ги нарекувавме „флипери“.

Но, не одеа сите во играчници. Во тоа време интернет имаше во главно по интернет кафулиња, па така ќе си платиш околу 100 денари и еден саат ќе си седиш на мирц.

Што е тоа мирц? Тоа е класичен денешен месинџер, ама немаше фотографии, немаше видео – имаше шарени букви на црна позадина и тоа беше тоа – може да збориш со некој многу повозрасен човек, а да ти се претстави како некој што е твоја генерација, ама не размислувавме за тоа.

Во тоа време интернетот, барем за нас, беше уште многу нова работа. Еј, врв беше да имаш меjл и да пишуваш писмо. Се сеќавам дека така комуницирав со пријателите што живееја далеку во тоа време – се допишувавме со писма. Прво преку пошта, а потоа и преку мејл.

Модните икони во тоа време беа популарните поп-ѕвезди што ги гледавме на телевизија. Се разменувавме со музика на касети. Разменувавме списанија. Немавме апликации за да ни кажат што слушаме. Немавме интернет за да читаме модни совети – ги вадевме од списанија.

И да, за крај – најубавиот спомен – правевме споменари и лексикони. Тетратки со околу 20 –тина прашања во кои ни се потпишуваа другарките и другарите. Бевме креативни, сечевме слики од стари списанија, постери, пишувавме „споменарки“…

Не бевме по цел ден пред монитор, а некако се си мислам дека бевме многу посреќни. Некако како да немавме ништо, а имавме сè. Знаевме секогаш да најдеме да правиме нешто интересно за да ни помине времето. Денешните деца како да не знаат што да прават со себеси ако пред нив нема монитор, како да се навикнале на интернет комуникација и тоа е тоа.

Но, не – не сум носталгична и не жалам за тоа што времињата се менуваат – светот оди напред, а со тоа логично е да има напредок, но во колкава мера тој напредок ќе донесе добро или лошо, тоа ќе биде прашање за некои идни генерации.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content