СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Вработените во Влада нема повеќе да јадат бесплатно ракчиња, октоподи, бадеми и лешници, парите пренаменети за сиромашните

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа соопшти дека одлучил да се забрани набавката и користењето на морска храна, бадеми и лешници во рестораните и бифеата на Владата. Тие финансиски средства ќе бидат насочени за финансиска поддршка на најранливите категории граѓани со ниски примања.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со објавите во некои медиуми дека Владата набавува морски плодови за 20.000 евра, а ќе плати и 270.000 евра за одржување на зеленилото, премиерот рече дека имало соопштение од СОЗР според кое, се работи за рамковен договор кој не се однесува само на Владата, туку се однесува на сите ресторани на СОЗР, дополнително и на претседателот на Собранието и на претседателот на државата

– Сите се снабдуваат преку СОЗР и тоа е рамковен тендер, односно рамковен договор каде што доколку некој нарача од сите овие што се корисници, тогаш нормално ќе треба тоа и да го плати. Меѓутоа, со оглед на тоа што и тоа што ќе се нарача треба да биде платено од средствата на граѓаните доколку се работи за службени ручеци или од сметка на оној што сам плаќа доколку отиде во некои од бифеата без разлика при подготовката на мерките за ранливите категории на граѓани, јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење во бифеата на морска храна, исто така и на бадеми, лешници,… Ќе има забрана за таква набавка и сите тие финансиски средства ќе бидат насочени за финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани со ниски примања, истакна Ковачевски на вонредната прес-конференција во Владата каде ги соопшти најновите одлуки на Економско-енергетскиот совет.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content