Во Србија денес започнува производството на руската вакцина „Спутник V“ против Ковид-19

48

Тој за РТС изјави дека четири милиони вакцини „Спутник V“ ќе бидат произведени во првиот период од четири до шест месеци.

Додаде дека вакцината ќе се користи првенствено за граѓаните на Србија, бидејќи таков е договорот меѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, но и дека Србија ќе му помогне на регионот.

 

Се очекува првата вакцина од „Торлак“ да достигне точка на вакцинација за 10 дена.

На 19 мај, Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена во „Торлак“ и одобри вакцината „Спутник V“ да се произведува во овој српски институт во иднина.

Така, Србија ќе стане првата земја во Европа која ќе произведува вакцина.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content