Во Собранието пленарна седница за доверба на Владата

27

Oпозициските партии ВМРО ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива, со помош на пратениците од владејачкото Движење Беса, најавија ново парламентарно мнозинство, договорено минатиот петок и поднесоа предлог за доверба на владата.

Доколку опозицијата обезбеди 61 глас против кабинетот на Заев, тогаш Владата е должна да даде оставка во рок од 24 часа, по што би почнал да тече рокот од 10 дена во кои претседателот Стево Пендаровски треба да го даде мандатот за составување нова влада на партијата или партиите кои ќе потврдат дека имаат најмалку 61 пратеник во Собранието.

Во таков случај досегашната Влада, треба да остане на должноста до избор на нов кабинет.

Доколку, пак, опозицијата не успее да ја урне Владата на СДСМ и на ДУИ, тогаш во наредните 90 дена нема да може да се поставува ново прашање за доверба на Владата.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, најави дека ќе поднесе оставка од двете функции поради поразот на локалните избори.

На седницата на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ во вторникот, било одлучено тој да ги одложи оставките.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content