Во Прилеп научен труд за тутунот

36

Во прилепската градска библиотека „Борка Талески, попладнево беше промовирана научната книга „Перспективни ориенталски сорти тутун и сортна структура во македонското примарно производство на тутун“ од Мирослав Димитриевски и Гордана Мицеска од прилепскиот Институт за тутун.

Книгата ја збогатува научната мисла во тутунопроизводството во земјава.

-Книгата е структуирана во пет поглавја. Едно од најважните поглавја претставува сортата како фактор во примарното тутунопроизводство, опишани се новите сорти тутун, кои во институтот се 50 сорти, но во книгата се опишани сортите кои имаат комерцијална дејност. Инаку ориенталните сорти тутун се главните кои се произведуваат во Макеоднија, посебно во Прилепскиот регион. Моментално, во 96 проценти од производството на тутун во Македонија учествува сортата Прилеп 66-9, креација моја, на професорот Димиотриески и професорот Ацо Шишкоски, изјави авторката Мицеска.

Македонските сорти тутун се конкурентни на светскиот пазар, но најголемиот проблем е во промената на демографската структура. Младите се иселуваат и не произведуваат. Тоа е за елаборација и изнаоѓање начин процесот да се запре во државата.

– До лани македонското проиводство на тутун имаше континуитет. Во периодот од 2010 до 2022 година годишното производство е над 25 000 тони тутун. Имаме континуитет во производството додека во сите други соседни земји се намалува и ние тоа треба да го искористиме. Но, треба да се решат проблемите кој да произведува и, секако, да се зголеми откупната цена на тутунот, смета професор д-р Мирослав Димитриевски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content