Локално
Во прилепско Селце татко убиен од својот 26 годишен син
Прилепската полиција приведе 26-годишен жител на прилепското село Селце, под сомнение дека синоќа го убил својот татко.

Како што информираат од СВР Битола, тој синоќа околу 20 часот во семејниот дом во прилепското село Селце, по расправија, со остар предмет го повредил својот 52-годишен татко, кој подоцна починал од здобиените повреди.
Два часа подоцна, тој е приведен од улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп, а обвинителството побара притвор до 30 дена за осомничениот.