Во прилепските училишта денеска се одвиваше штрајкот на СОНК

22

Според Златко Думбалоски, претседател на СОНК за Прилепскиот регион, само 20-тина наставници во основните и во средните училишта одржуваа настава.

-Во 95% случаи од вработените во основните и средните училишта и во културните институции се поддржуваше штрајкот на СОНК. Го поддржаа 2.870 наши членови во Регионот. Има по некој наставник што одржуваше настава со мал број ученици. Главно, и родителите нѐ поддржуваат и најголем дел од нив не ги донесоа децата ниту во градинките, ниту, пак, дојдоа во училиштата, изјави Думбалоски.

Христина Трпческа директор на прилепските градинки „Наша Иднина” вели дека во шесте градинки се згрижени 70-тината деца кои родителите ги донесоа изутрината.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content