Во прилепската болница одбележан Светскиот ден на предвреме родените бебиња

104

Ова е сериозен број на исклучително мали по старост пациенти, но и екстремно незрели пациенти, бебиња од 23 гестациска недела па нагоре. Според статистиката, околу 13 милиони бебиња во светот се раѓаат предвреме. За да се намали таа бројка, клучен е пристапот на квалитетна нега во сите здравствени установи. Оваа година тоа е и една од главните теми на светско ниво.

Во градската болница “Борка Талески” во Прилеп, и денеска традиционално се одржа хуманитарен настан. Сите собрани средства секоја година се донираат во одделот за неонатологија, а и оваа година голем број граѓани донираа средства на настанот.

-За нас како здравствена установа, најважно ни е да работиме на намалувањето на овие бројки преку превенција од предвемено породување (намалување на ризик факторите кои доведуваат до него, редовно и навремено следење на бремените жени и нивна едукација).
Прематуритетот е водечка причина за смртност на децата во рана возраст а дел од преживеаните деца се борат со последиците до крајот на својот живот. Нашата установа прифаќа новороденчиња со полна 34-та гестациска недела и со гордост можеме да кажеме дека досега успешно се справуваме со предизвиците за спасување и на помали новороденчиња. Наша цел и мотив е да создадеме што подобри услови и квалитетна нега на сите новороденчиња следејќи ги светските трендови и најновиот мастер план на Министерството за здравство за регионализација на перинаталната здравствена заштита 
– напишаа од прилепската болница на социјалните мрежи.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content