Во недела Победа мора да победи!

28

Во недела (11 септември), со почеток од 16:00ч., на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа го игра шестиот натпревар од сезоната во Првата фудбалска лига.

Во Прилеп гостува штипска Брегалница, екипа која во досегашниот дел од првенството запиша три победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

Ќе биде пеколно тешко, затоа што Брегалница досега покажа дека располага со супер квалитетна екипа, триумфирајќи над Академија Пандев на гости, и дома против Шкупи и Македонија Ѓорче Петров.

Победа пак, одново ќе се обиде да стигне до прв триумф и драгоцени три бода. Прилепчани имаат само еден бод и се наоѓаат на самото дно од табелата, со само 2 постигнати и дури 10 примени погодоци.

Затоа во недела сите на ГРАДСКИ, со голема поддршка да им помогнеме на црвено-белите да стигнат до прва победа.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content